Skip to main content

Докторката од Италија што го лекувала штипјанецот Симон Крстев кој е еден од повредените во Кочани го посети во Штип

Фејсбук профил на Сашо Клековски, директор на ФЗО

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија каде што се лекувал штипјанецот Симон Крстев, кој беше еден од 193-те повредени во трагедијата во Кочани, денеска дошла во Штип да го посети Симон, на покана на неговите родители, објави на својот профил Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство (ФЗО).

Симон, во соработка со Цивилната заштита на Италија, на 18 март, два дена по трагичниот настан во кој во пожар во дискотеката „Пулс“ која работела со фалсификувана дозвола, животот го загубија 62 лица од кои 6 деца, бил пренесен во Италија.

Симон бил примен со хемиска пневмонија и изгореници од втор степен. Во Италија добил сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот одел и тогаш родителите на Симон ја покануваат проф. Сузана Езпосито директорка на клиниката, да ги посети во Штип.

Денеска Проф. Сузана Езпосито го посети Симон во Штип. Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе Проф. Сузана Езпосито во Штип. И се заблогодарив на Проф. Сузана Езпосито за се што е направено за Симон, и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија! Ова се нови пријателства изградени во тешки моменти, вели директорот на ФЗО Клековски.

По трагедијата во Кочани на 16 март вкупно 116 повредени пациенти се лекуваа во странски медицински центри. Според последните инфомрации од Министерството за здравство, во странство се лекуваат 44-ца пациенти, а двајца се уште се во потешка состојба.

Поврзани вести