Skip to main content

Д-р Гроздановска: Клиничка биохемија воведе современ дигитален систем за прием,  поставени монитори за повик на пациенти и бар-код читачи за скенирање на упатите

Изминатиот период Универзитетски институт – Клиничка биохемија презема низа активности за реорганизирање и подигнување на степенот на здравствена услуга за пациентите и евидентно е променета сликата во оваа јавна здравствена установа.

Покрај обезбедување најсовремена апаратура од неколку различни реномирани произведувачи, Клиничка биохемија иницираше и воведе современ дигитален систем за нумериран редослед за прием на пациенти и поставени се монитори за повик на пациенти и информации. Исто така, набавени се бар-код читачи за скенирање на упатите со што се забрзува процесот на регистрирање и прием на пациентите на шалтерите, вели д-р Николина Гроздановска, директор на УИ Клиничка биохемија.

Д-р Гроздановска вели дека тимската работа е клучна и само заеднички може да се придонесе за унапредување на работата на здравствената установа.

Изразувам посебна благодарност за сите здравствени работници кои даваат свој придонес за позитивните промени кои ги реализираме во интерес на пациентите. Наша заедничка цел е подигнување на квалитетот на здравствената услуга и подостоинствен третман за нашите пациенти, вели таа.

За потсетување, во оваа установа набавена е најсовремена апаратура, реализирани се обуки за вработени со што скратено е времето за добивање здравствена услуга и прием на пациентот.
Со новите иницијативи, новата организација и тимска работа, како и новата обезбедена апаратура од 4 реномирани производители резултатот е видлив од самиот почеток при влезот на овој Универзитетски институт до добивањето на здравствената услуга, а бенефитот за пациентите е забрзување на процесот за прием, кој претходно беше просечно околу 2 часа, а со новата опрема овој временски период е максимум 15 минути.

Поврзани вести