Вакцинацијата и ХПВ базираниот скрининг треба да се сфатат како една инвестиција од која имаат корист пациентите, Фондот за здравство и здравствените работници. За да се искорени цервикалниот карцином до 2030 година треба 90 отсто од жените да бидат вакцинирани, 70 отсто да бидат скринирани, за 90 отсто да бидат спасени, кажа денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушество (ГАК) проф. д-р. Ирена Алексиоска Папестиев на одбележувањето на Светскиот месец за подигнување на свесноста за рак на грло на матката во организација на Македонското лекарско друштво.
За жал, се повеќе го клиничката пракса гледаме нормален ПАП-тест и после тоа пациентка доаѓа со инвазивен карцином. Затоа е најдобро е да имаме котестинг, односно ХПВ и цитологија, рече д-р Алексиоска Папестиев.
Таа говореше дека во пракса се почесто има помлади пациентики кај кои се детектира ХПВ вирусот.
Најсликовито колку е застапан ХПВ вирусот говори податокот дека ако сте имале незаштитен сексуален однос барем со еден партнер, во 80 отсто од случаите сте ја добиле инфекцијата. Ако сте имале незаштитен сексуален однос барем со тројца партнери, 100 отсто сте ја имале таа инфкеција. 99,7 отсто од цервикалните карциноми се последица на ХПВ инфекцијата. Затоа е најдобро нештото да се превенира. Има човек кој направил вакцина за која добил Нобелова награда, изјави д-р Алексиоска Папестиев.
Таа кажа дека има ќерки и ќе ги вакцинира.
Поразително е што градови како Скопје и Охрид имаат многу низок процент на вакцинација. Ние треба да стигнеме до населението. Јас мојата ќерка ќе ја вакцинирам на 12 години, како што е предвидено и во календарот за имунизација. Научните трудови покажуваат дека на возраст од 12 до 14 години организмот има најголем имунолошки одговор, тогаш создава најмногу антитела и тие траат токму во тој ранлив период од 10 до 20 години кога најчесто се менуваат и луѓето имаат незаштитен однос, рече директорката на ГАК.
Д-р Алексиоска Папестиев говореше за тоа дека треба да поработиме на превенцијата, бидејќи цервикалниот карцином може да се превенира. Од тоа најголем бенефит има пациентката.
ХПВ базираниот скрининг можеби на почеток изгледа скапо, меѓутоа тоа е инвестиција. Нема да ни доаѓа веќе 21 годишна пациентка со цервикален карцином којшто ние сме приморани да ја пратиме на инстутотот за радиологија и онкологија. Значи тоа не чинело живот, многу пари од ФЗО за да ја лекуваме, а ние клиничарите сме трошеле и време и ресусри, кажа директорката на ГАК.
Проф. д-р Горан Димитров, Претседател на Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија кажа дека тие ги дале препораките во октомври 2017 во Министерството за здравство.
Секогаш кажуваме една реченица од професорот Марк Арбин, епидемиолог од Белгија, кој тврди дека два ХПВ теста се поевтини од еден ПАП тест. Затоа што, ако е толку голема точноста на ХПВ тестот во откривањето на предраковите промени, нема да дојде до рак на грлото на матката, нема да дојде до огромни трошоци кои се импелментираат во лечењето на веќе заболените. Нашата препорака, а и во сите земји во Европа, е дека ХПВ тестирањето мора да се воведе како најдобар метод за скрининг. Цитологот Леополд Кост, тој е еден од најголемите имиња на цитологијата, вели дека ако порано ПАП тестот во цитологијата беше триумф, сега е трагедија. Затоа, се препорачува во сите финансиски сетинзи, во сите земји да се воведе ХПВ тестот како примарен скрининг, како права алатка во скенирањето на ракот на грлото на матката“, вели д-р Димитров.
Проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација говореше за примарната превенција на цервикален карцином и за ХПВ вакцината која во Македонија е воведена во 2008 година. Тогаш опсегот беше над 60 отсто. Со ковид-пандемијата опфатот кај сите вакцини, вклучувајќи ја и имунизацијата за ХПВ опадна. Според последните податоци, во 2023 година првата доза од вакцината против ХПВ ја примиле 58,6 отсто, а вторта доза 56,6 отсто.
Од 2024 година во календарот за имунизација освен девојчиња, може да вакцинираат и момчиња. Се прима девотовалентна вакцина, а проширена е и возраста, наместо до 14, вакцината сега може да се прими до 18-19 години.
Демографските проблеми кои се случуваат не само во Македонија туку и секаде во светот доведуваат до тоа дека популацијата е се постара. Имаме се повеќе хронични болести кои се третираат многу долго но и многу скапо. Имаме изразен пад на наталитетот кои државите како Македонија многу поболно ќе го почувствуваат и тука мора да разговараме многу свесно за здравјето и животот на жените, вели д-р Грозданова.
Таа говореше за негативниот ефект на социјалните мрежи, во делот на здравството, самолекувањето и советувањето.
Гледаме дека се многу погласни, многу поагресивни се кулоарски здравствени совети кои за жал многу го кородираат нашето здравство. Недовербата во здравсвените системи го прави сето тоа, додава д-р Грозданова.
ХПВ вакцината во основа претставува вакцина која спречува карцином.Од сите други земји во околината Македонија е лидер .
Двата фактора многу влијаат, многу подолго вакцинираме од сите други и навистина многу работевме во овој сегмент. За жал урбаните, високоразвиените општини како што е Скопје, посебно Центар и Карпош и тоа е состојбата за сите вакцини, каде очекуваме да имаме едуцирани, економско ситуирани со социјално безбедна содржина, ние имаме најниско ниво на опфатот со ХПВ. Во Пехчево, Демир Хисар имаме 100 отсто опфат. Еден лекар ми вели: ‘Па зарем јас би ги вакцинирал моите три внуки или моите најблиски ако не стојам 100 отсто зад таа вакцина. И таа доверба која ја имаме во малите средини помеѓу здравствениот персонал, корисницте и пациентите, за жал во Скопје ја нема. И тоа сериозно треба да го работиме како наш предизивик, изјави проф. д-р Грозданова,