Skip to main content

Алиу: Вработени 155 здравствени работници – се решава проблемот со болницата во Тетово

Министерот за здравство Азир Алиу престојуваше во Тетово за да ги извести 155-те вработени во болницата дека нивниот проблем со трајното вработување е решен. Алиу потврди дека последниот чекор што останува е административното тестирање на вработените.

„Денес сме во Тетово токму за оваа работа – да поразговараме со 155-те вработени кои сега се дел од институцијата со полно работно време. Многу сме среќни што ќе бидат дел од здравствениот систем во Тетово, затоа што уште еднаш ќе нагласам, без соодветен обучен човечки капацитет, здравствените институции не можат да обезбедат навремени и квалитетни услуги за граѓаните“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Медицинската сестра Фјола Алија истакна дека прашањето за нивниот вработен статус се третира сериозно и со одговорност.

„Сакаме искрено да му се заблагодариме на актуелниот министер за здравство г. Азир Алиу и на неговиот тим за реализацијата на овој толку значаен процес“, изјави Фјола Алија, здравствен работник во болницата во Тетово.

Инаку, медицинските сестри и техничкиот персонал кон крајот на мај и почетокот на јуни одржаа неколку протести со кои бараа итно и трајно решение за нивниот статус.

Поврзани вести