
Волонтерите на „Сапорт Кочани“ информираат дека имале чест да бидат домаќини на македонскиот артист Тајзи и на тимот на Let’s Spread Love од Куманово во рамките на нивната хумана мисиja.
За нив, велат тие, оваа средба претставува потсетник дека уметноста, солидарноста и хуманоста имаат моќ да нè поврзат во моменти кога надежта ни е најпотребна.
На наменската сметка на „Сапорт Кочани“ вчера се донирани нови 200.000 денари, со кои ќе бидат обезбедени креми за изгореници и други медецински помагала, со што вкупниот износ на собрани средства од оваа и сите претходни хуманитарни акции сега надминува 400.000 денари.
Во рамките на оваа хумана мисија средствата се собрани преку донации од граѓани, при што секои 500 денари се придружени со бесплатна УСБ-картичка со целокупниот музички каталог на Тајзи.

Македонски




