Skip to main content

Скопје викендов ќе биде регионален центар на тату уметноста

Утре и задутре (14 и 15 март), Скопје ќе биде домаќин на првата регионална tattoo конвенција „Artist Republic 2026“, која ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Настанот ќе ги обедини најталентираните тату артисти од регионот и светот, претворајќи го главниот град во вистински центар на тату културата, уметноста и креативноста.

По две години настани со сличен концепт, годинашното издание го надминува локалниот формат и прераснува во регионална конвенција што има за цел да ја промовира тетоважата како автентична форма на современа уметност и моќен начин на индивидуално изразување.

На конвенцијата ќе учествуваат околу 150 тату артисти, кои ќе претстават различни стилови и техники на тетовирање – од класични до најнови трендови во индустријата. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со уметниците, да ја следат нивната работа во живо, да учествуваат на работилници и да се запознаат со најновите насоки во светот на тату уметноста.

Дводневната програма ќе има и натпреварувачки карактер, со доделување награди во повеќе категории, што дополнително ќе ја поттикне креативноста и ќе ја истакне уметничката извонредност на учесниците. Покрај тоа, програмата ќе биде збогатена со музички содржини и придружни настани што ќе создадат динамична и инспиративна атмосфера за сите љубители на уметноста и урбаната култура.

Организатори на конвенцијата се Skopje Tattoo Show и Great Heart Art, кои со голема посветеност работат на создавање настан што ќе ја позиционира Македонија како значајна точка на регионалната и европската тату сцена.

Покрај професионалните уметници, се очекува настанот да привлече и широка публика, инфлуенсери, љубители на уметноста и медиуми, создавајќи простор за поврзување, културна размена и инспирација.

Со фокус на квалитетна уметност, талент и иновација, Artist Republic 2026 има амбиција да стане редовен настан во културниот календар на регионот и да покаже дека тетоважата не е само тренд, туку вистинска уметност што инспирира и отвора нови хоризонти на личното изразување.

Повеќе информации за програмата и учесниците се достапни на официјалните канали на Artist Republic 2026 на социјалните мрежи и на официјалната веб-страница на конвенцијата.

Билети за конвенцијата Artist Republic може да се набават онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/en/event-en/artist-republic-регионална-конвенција-за-тетовир/, како и на самиот влез на одржување на настанот.