Skip to main content

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.0. и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во 20 часот и 41 минута во Струмица и во околината. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 20 часот и 41 минути регистрираше уште еден земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 118 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. 

Поврзани вести