Skip to main content

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во Македонија

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на земјава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што информираат оттаму, потресот бил регистиран во 5:04 часот на околу 158 километри југозападно од Скопје со епицентар во Република Албанија.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од пет километри.

Досегашните податоци на Сеизмолопшката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје велат дека земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани вести