
Голема промена на времето следи за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок), а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија, кој ќе услови обилни врнежи од снег и исклучително ладно време, се вели во прогнозата на македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски.
Исклучително ладно време може да се очекува на 12 април, на самиот ден Велигден, се вели во прогнозата на Поповски на неговиот веб-сајт Метеоаларм.мк.

Македонски


