
СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре, 7 мај 2025, поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.