Skip to main content

Викендов ќе биде сончево и топло

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Утринската температура во Скопје ќе се движи околу 13, а највисоката дневна ќе достигне 32 степени.

Слично време нè очекува и утре, со максимални температури од 26 до 34 степени, прогнозира УХМР.

Поврзани вести