
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрово е ведро и посвежо, а преку ден ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура е во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена Целзиусови.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.
Според прогнозата на УХМР, до средината на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време. Од среда се очекува зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.