Skip to main content

Следат два или три продолжени викенди, но не за сите граѓани

По утрешниот неработен вторник, поради државниот празник за Денот на независноста – 8 Септември, до крајот на годината ни остануваат уште неколку неработни денови за сите граѓани на Македонија, но и по некој поради верски или национални празници.

Следни продолжени викенди се поради празниците 11 Октомври и Денот на ВМРО, а доколку некој успее да поврзе, продолжен може да е и викендот за Свети Климент Охридски.

Плус еден продолжен викенд ќе добијат и католиците и припадниците на еврејската, бошњачката и турската заедница.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани:
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

Поврзани вести