
Скопјанка е лишена од слобода поради предизвикување на пожар во централното подрачје на Скопје.
Како што објави МВР, вчера во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од скопската полиција.

Македонски



