
Бранителот на обвинетиот Башким Авдиу, Асмир Алиспахиќ, рече дека неговиот клиент побарал писмен превод на обвинението бидејќи не го разбрал доволно на македонски јазик.
Тој негираше дека со барањето се настојува да се одолговлекува постапката.
– Не дека бараме сите за да го закочиме процесот, туку основните каде што е опишан како субјективно дејствие коешто му се става на товар, за да си ги разбере, за да можеме да продолжиме понатаму нормално – рече Алиспахиќ.
Во случајот се обвинети поранешниот вицепремиер Артан Груби, екс-директорот на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кому му се суди во отсуство, како и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу. Освен Авдиу кој побара превод на обвинението и Бајрами кој е недостапен на органите на прогон, сите обвинети се изјаснија за невини.

Македонски



