Skip to main content
mgq8SSCiroc

Точно е дека една моја врска се прекина поради религиозни причини, открива Тамара

Поп-пејачката Тамара Тодевска во емисијата во „Полиграф“ кај Стефанатор одговараше на многу прашања за нејзиниот приватен живот. Во искрениот разговор, Тамара првпат откри дека една од нејзините емотивни врски завршила поради религиозни разлики, откритие кое досега не го споделила јавно.

Без да навлегува во премногу детали, Тамара со својот одговор стави до знаење дека различните погледи кон верата и религијата биле причина поради која една љубовна приказна не успеала да продолжи.

„Дали е точно дека една твоја љубовна врска завршила поради религиозни причини?“, беше прашањето кое Стефонатор и понуди да го прескокне ако сака, но таа одби и одговори искрено.

Да, точно е. Не би навлегувала во детали, затоа што не сум само јас во приказната, има и други луѓе. Но, никогаш религиозната определба не ми била проблем, ниту верата, ниту националноста кога е љубовта во прашање. Кога има љубов, мислам дека сè може да се победи, одговори Тамара.