
Сакаме да ја информираме јавноста дека изминативе денови остваривме координирани средби со сите релевантни институции и стручни лица во врска со оштетувањето на патот во Галичник, соопштија од Мезната заедница на нивниот профил на социјалните мрежи.
На терен излегоа претставници од Инжинерискиот полк на АРМ, инжинери од Општина Маврово и Ростуше, стручни лица од ЈП за државни патишта, професори од Градежниот факултет, како и реномирани компании и експерти од областа.
Според нивните наоди, станува збор за одрон, а не за свлечиште како што првично се стравуваше и за истиот се изготвува проект за санација. Сепак, и оваа состојба е сериозна и потенцијално опасна, особено поради природата на теренот и самата местоположба која го отежнува пристапот и санацијата.
Во координација со сите надлежни страни, веќе се работи на изработка на безбедно и трајно решение, кое ќе биде реализирано во најкус можен рок. Апелираме до сите посетители строго да ја почитуваат забраната за движење издадена од МВР, сè до повторното безбедно отворање на патот, соошпштија од МЗ Галичник.