Skip to main content

Проодно до Сопиште, Соње, Држилово – екипите работат на терен

Теферич

Снежната покривка во Сопиште достигна висина од над 25 сантиметри, додека на планинските села таа надмина 50 сантиметри.

Долно Соње

Жителите од овој крај немаат проблем со движење до своите домови.

За да се обезбеди проодност на патиштата, сите главни правци до населените места се исчистени и проодни, вклучувајќи ги и локалните улици и краци.

Држилово

Според надлежните на терен работат три специјални возила за чистење снег, како и три багери, кои редовно ги одржуваат патиштата во добра состојба и обезбедуваат безбедно движење на возилата.

Сопиште


Чистењето се одвиваше од утринава од 02:00 часот , а исчистените патишта продолжуваат да се одржуваат на интервали од 2-3 часа, се додека врне снег.

Поврзани вести