Skip to main content

Пред нас се неколку години со екстремно високи температури

Треба да се подготвиме за неколку години голема жештина со рекордни температури што ја туркаат Земјата кон уште посмртоносни, непријатни екстреми, предупредија денеска двете најголеми метеоролошки агенции во светот во петгодишната прогноза.

Постои 80 проценти шанса светот да урне уште еден годишен рекорд за температура во следните пет години, а уште поголема е веројатноста светот повторно да ја урне границата од 1,5 степени што беше поставена пред една деценија како онаа што мора да се избегне – според прогнозата на Светската метеоролошка организација и Британската метеоролошка служба.

За првпат, постои шанса – иако мала – пред крајот на оваа деценија, глобалната температура да ја пробие границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови поставена со Парискиот договор за климата и да достигне многу поопасно ниво од 2 степени Целзиусови – објавија двете агенции.

Тоа ниво на затоплување е определено од температурата од средината на 19 век.

Постои 86 проценти веројатност дека во една од следните пет години ќе биде пробиено нивото на затоплување од 1,5 степени, како и 70 проценти веројатност дека следните пет години ќе бидат потопли од тоа ниво во просек – се додава во прогнозата.

Во изработката на прогнозата учествуваа 200 лица кои користеа компјутерски симулации во 10 глобални научни центри.