
Движењето на возила на магистралните патишта се одвива тековно, по патишта без влага.
Забележано е погусто движење на автомобили на патиштата вон урбаните зони.
„Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.“
АМСМ советува приспособена брзина, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ долините, речните корита и тесните премини, каде постои веројатност од појава на одрони.
Ова особено важи за делниците: „Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.“