Skip to main content

По студеното утро, сончево со мала до умерена облачност во текот на денот

Утрово времето е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура е во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 1, а максималната ќе достигне 17 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, во текот на ноќта кон понеделник и во првите два дена од следната седмица ќе има повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.

Пораст на дневната температура се очекува од четврток. 

Поврзани вести