
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на слаб краткотраен дожд, наутро со услови за магла.
Утре, како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, а максималната температура од 5 до 13 степени.
На почетокот на работната недела ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и понекаде на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.