Skip to main content

Од обилните дождови се излеа Пчиња

На подрачјето на село Пелинце, близу Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри, информира РЦУК Куманово.

Во моментов, не се зафатени куќи или викендици.

Дополнително, од РЦУК Куманово соопштија дека кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.

Поврзани вести