
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На 22.7.2025 година во време од 8 до 16 часот ќе биде обезбедувана велосипедската трка „Хроно“, при што сообраќајот на регионалниот пат кон граничниот премин Пелинце на потегот од раскрсницата кон селото Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце ќе биде запрен. Повремено затворање на регионалниот пат Куманово-граничен премин Пелинце е планирано за наредните 3 дена, 22, 23 и 24 јули“, информира АМСМ.
Исто така, се додава, на 22.7.2025 година од 8 до 17 ќе биде обезбедувана велосипедската трка „Моунтајн бајк“, при што сообраќајот на патот во селото Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, додава АМСМ.