Skip to main content

Нема веќе студ оваа зима

Времето од денеска до крајот на февруари ќе биде променливо, со честа облачност, повремени врнежи од дожд, студени утра и постепено затоплување кон крајот на месецот.

До крајот на јануари се очекува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд во одделни денови. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека утринските ќе бидат пониски и ќе се спуштаат од 0 до 4 степени. Ветерот ќе биде слаб до умерен.

На почетокот на февруари ќе преовладува зголемена облачност со повремени врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 8 до 13 степени, а утринските ќе бидат околу 0 до 2 степени, со можност за слабо заладување на повисоките места.

Во средината на февруари се очекува постабилно време со повеќе сончеви периоди. Дневните температури ќе достигнуваат од 7 до 11 степени, додека утринските ќе се движат од -3 до -1 степен, со појава на мраз во утринските часови.

Кон крајот на февруари се најавува претежно сончево и потопло време. Дневните температури ќе се искачуваат од 9 до 13 степени, а утринските ќе се движат околу 0 до -2 степени. Врнежите ќе бидат ретки и краткотрајни.

Поврзани вести