Skip to main content

Ќе нема струја до 15 часот во неколку општини

Фрипик

Поради планирани технички интервенции во електросистемот, неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. ЕВН Македонија информира дека денеска без струја ќе бидат корисници во следните реони:

Гази Баба: Од 08:30 до 15:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од ул. 1 во Црешево и ул. 1 во Виниче.

Илинден: Од 09:30 до 12:00 часот, прекин ќе има во Технолошката индустриска развојна зона, поточно објектот на магацинот на „Нептун“.

Аеродром: Во периодот од 11:00 до 13:00 часот, без струја ќе биде дел од бул. „Кузман Јосифовски Питу“ (броевите 28 и 30).

Поврзани вести