
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, соопштија попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи.
Како што најавија синоптичарите, утринската температура утре и во сабота наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен, повремено засилен, северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.
Од сабота се очекува да дува југоисточен ветер што во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Според најавеното, во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.

Македонски


