
Четврток е неработен ден за сите македонски граѓани, затоа што Денот на трудот, 1 Мај во Македонија е прогласен за државен празник. За тој ден, како и секоја година, Синдикатите повикуваат на протести за работничките права, но, традиционално ќе се разгорат скарите и ќе се соберат друштвата.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Од вторник времето ќе биде стабилно, претежно сончево со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
За четврток се прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минимална температура ќе достигне од 3 до 10 Целзиусови степени, додека преку ден температурата ќе достигне и до 28 степени.