Skip to main content

Ако е за утеха, не сме први во светот, ама затоа сме први во Европа: Скопје денеска на осмо место по загаденост

Според податоците на IQ Air, Скопје денеска се најде на неславното осмо место на листата на најзагадени градови во светот, со индекс на загаденост од 173. Ова ниво на загадување се смета за “нездраво” и може да предизвика сериозни здравствени проблеми, особено кај ранливите категории граѓани.

Индексот 173 укажува на високи концентрации на честички PM2.5 во воздухот, кои се главен причинител за респираторни и кардиоваскуларни заболувања. Граѓаните се советуваат да избегнуваат престој на отворено, особено во раните утрински и вечерните часови, кога концентрациите на загадувачите се највисоки.

Поврзани вести