Skip to main content

Синот на норвешката принцеза осуден на четири години затвор за силување и други кривични дела

Принтскрин

Мариус Борг Хоиби, син на норвешката принцеза, е осуден на четири години затвор откако беше прогласен за виновен за повеќе кривични дела, вклучувајќи две точки за силување, објавува The Guardian.

Тој, исто така, доби двегодишна забрана за приближување против една од жртвите. Обвинителството побара седумгодишна затворска казна.

Пресудата ја изрече Окружниот суд во Осло во понеделникот наутро, речиси три месеци по завршувањето на шестнеделното судење кое привлече големо внимание од јавноста.

Судијата Јон Свердруп Ефјестад го прогласи за виновен за напад врз неговата поранешна девојка Нора Хаукланд, единствената жртва чиј идентитет е јавно познат. Хоиби беше ослободен од две други обвиненија за силување.

Меѓу 40-те кривични дела за кои беше обвинет Хоиби беа четири точки за силување и напад, повеќекратни прекршувања на забраната за приближување и прекршоци поврзани со дрога и управување со возило. Едно од обвиненијата, прекршување на забраната за приближување, беше отфрлено.

Хојби се изјасни за невин по најсериозните обвиненија, вклучително и силување, иако призна некои од помалите кривични дела. Тој има право да поднесе жалба на пресудата.

Судењето доаѓа во тежок момент за норвешкото кралско семејство, кое се справува со сериозната болест на мајката на Хојби, крунската принцеза Мете-Марит. Таа е под зголемен јавен надзор поради нејзината врска со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.

Минатата недела, Окружниот суд во Осло му одобри на Хојби привремена слобода, откако беше во притвор кратко пред почетокот на судењето на 3 февруари, за да може да помине време со својата мајка додека таа чека трансплантација на бели дробови. Сепак, Апелациониот суд го отфрли барањето.

Поврзани вести