
Црногорката Соња Миротиќ (57) по 22 години борба со неплодност и осум спонтани абортуси, која зачна со ин витро направено во скопска клиника се породи и има ќерка.
Таа и нејзниот сопруг Марко (69) станаа родители по деценската борба за потомство.
Соња се породила предвреме поради нејзиниот висок крвен притисок. Поради тоа, бебето морало да ги помине првите недели од животот во инкубатор, но сега е дома со своите родители.
Се породив во 34-тата недела поради мојот висок крвен притисок, беше 220 со 110. Имаше борба, која ќе ја наречам преживување, но ете, фала му на Бога, останавме живи и едната и другата. Бебето месец дена беше на неонатологија во инкубатор. По три недели, излезе од болница“ – рекла среќната мајка, која заедно со сопругот ужива во грижата за нивното чедо.
„Ја храниме, ја гушкаме, ја бакнуваме, ја пресоблекуваме, малку напредува, малку грчеви има и тоа е тоа. Среќни сме, задоволни, полни со желба и енергија, задоволството нè обзеде и двајцата“ – додала таа.
На сите парови кои поминуваат низ истите проблеми, Соња им порачува:
Да веруваат. Прво да веруваат во себе и во својот партнер. Да имаат огромна желба за тоа. Нам по 22 години борба желбата ни се оствари. Да бидат упорни и желбата веројатно ќе им се оствари. Нека не се откажуваат“.