![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/d7ura-screenshot-2.jpg)
Принцот Вилијам го покажа својот хуманитарен карактер за време на празничната сезона.
Имено, на официјалниот Инстаграм профил кој го споделува со сопругата, принцезата Кејт, објавено е видео на кое Вилијам им дели ручек на бездомниците.
Принцот ја посети фондацијата The Passage во Лондон, а за оваа прилика среќно стави бела престилка. Тој со широка насмевка им подели храна на бездомниците, а подоцна се сликаше со некои од нив.
Искрена благодарност до сите волонтери на The Passage кои неуморно работат за поддршка на бездомниците, особено за време на празничната сезона. Ваквите работи даваат надеж и создаваат чувство на заедница за оние на кои им е најпотребно“, стои во описот на Инстаграм.
Видеото за краток период доби речиси 69 илјади лајкови. Набрзо почнаа коментарите на фановите кои покрај брадата на Вилијам ја пофалија и неговата несебичност и хуманитарен карактер.