Skip to main content

На 48 години од рак почина тајната ќерка на Фреди Меркјури

Принтскрин од видео

Жена која во јавноста беше позната само како „Б“ и која во книга објавена во 2025 година тврдеше дека е биолошка ќерка на Фреди Меркјури, починала на 48-годишна возраст. Веста ја пренесоа повеќе медиуми на 15 јануари 2026 година, повикувајќи се на изјава од нејзиниот сопруг.

Според тие извештаи, „Б“ со години се лекувала од тешка болест, а нејзиниот идентитет останал скриен и по смртта.

Приказната за наводната „тајна ќерка“ стана глобална тема во мај 2025 година, кога биографката Лесли-Ен Џонс ја најави/објави книгата „Love, Freddie“. Таму се тврди дека детето било зачнато во 1976 година, по кратка врска со сопругата на близок пријател, и дека Меркјури одржувал контакт со неа до смртта во 1991 година. Книгата се повикува на лични дневници и наводни приватни докази, кои не се ставени на јавна проверка.

Поврзани вести