Skip to main content

Кое дете најчесто е најпроблематично во семејството?

Freepik

Големо истражување спроведено од Универзитетот Ворвик следело 6.838 деца сè до нивната 12-та година, анализирајќи ги семејните односи. Заклучокот? Најчесто постарите браќа се главни насилници меѓу браќата и сестрите, особено кога имаат помали сестри и растат во поголеми семејства.

Според резултатите, дури 69% од децата што покажувале насилно однесување кон браќата и сестрите биле момчиња.

Психологот д-р Карен Гејл Луис објаснува:

Емоциите и ставовите што ги развиваме кон браќата и сестрите во детството можат да останат ‘замрзнати’ со години – дури и кога односите подоцна се менуваат.“

Зошто постарите браќа почесто покажуваат агресија? Стручњаците наведуваат неколку причини:
љубомора поради губење на вниманието од родителите,
натпреварување за нивна наклонетост,
несвесни споредби што родителите ги прават.

Доволно е еднаш да кажете: ‘Зошто не можеш да бидеш повеќе како брат ти?’ – децата се многу чувствителни на споредби и тоа може да го зголеми ривалството,“ вели семејната терапевтка Моника Рамунда.

Интересно е и тоа што квалитетот на односот меѓу родителите исто така влијае на динамиката меѓу децата. Во семејства со повеќе стрес или конфликти – имало повеќе насилство меѓу браќата и сестрите.

Авторите на студијата заклучуваат:

Насилството меѓу браќата и сестрите е еволутивен механизам за постигнување доминација, а постарите деца почесто прибегнуваат кон такво однесување.“

Но не е сè толку мрачно за помалите. Истражувањето покажало дека токму постариот брат, кој често бил поагресивен, подоцна во животот почесто се соочувал со проблеми – како склоност кон ризично однесување, па дури и проблеми со законот.

Поврзани вести