Skip to main content

Еве како оженетите мажи манипулираат со љубовниците

Freepik

Кога оженет маж ќе родлучи да води двоен живот, станува вистински сценарист на сопствена сапуница – со лажни изјави, импровизации и реплики што звучат доволно убедливо за да ги задржат љубовниците во игра.

Иако секоја приказна има свои нијанси, постојат 10 „класични“ реченици што љубовниците ширум светот веќе ги знаат напамет:

1️⃣ „Ќе се разведам, само чекам вистински момент.“
👉 Вистинскиот момент никогаш не доаѓа, но звучи доволно убаво за да одржи надеж.

2️⃣ „Спијам на каучот.“
👉 Превод: „Спијам во брачниот кревет, но сакам да веруваш дека бракот одамна не функционира.“

3️⃣ „Со години немаме интимност.“
👉 Класична улога на „жртва во емоционална пустина“.

4️⃣ „Живееме како цимери.“
👉 Илузија дека бракот постои само на хартија.

5️⃣ „Немам време да ти се јавам – постојано сум на работа.“
👉 А реално е со семејството… или дома, со жена му.

6️⃣ „Ти си единствената што ме разбира.“
👉 Емоционална манипулација спакувана како романтика.

7️⃣ „Само уште децата да пораснат.“
👉 Тоа „уште“ може да трае и две децении – сè до пензија. 🤷‍♀️

8️⃣ „Жалам што не те сретнав порано.“
👉 Како жената со која живее цел живот да не била вистинскиот избор.

9️⃣ „Те сакам најмногу од сите.“
👉 Обично изговорено пред заминување дома – за да се задушат непријатни прашања.

Овие реплики можеби звучат како дел од љубовна драма, но најчесто се дел од добро увежбана рутина на двоен живот.

За љубовниците прашањето е едноставно: дали навистина живеат романтична приказна… или само реприза на туѓ брак?

Поврзани вести