
Тоше Богданов (30) од Кочани излегол со пријателите да прослави за раѓањето на неговиот син, но за жал, никогаш не се вратил дома и неговиот син нема да го види никогаш повеќе, а неговата сопруга Деспина од самиот старт на животот на нивното детенце ќе биде самохрана мајка.
Младиот татко го изгуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Неговата сакана Деспина Богданов (24) сподели трогателна објава за него на својот Фејсбук профил.
Кога се изборивме со сè кога го добивме тоа што го сакаме.
Нашата љубов доби плод кој ќе не веселеше цел живот на кој ќе се смеевме и радувавме, што се случи зошто овој живот е толку суров и безмилосен зошто ги зема луѓето кои треба да живеат на кои животот е пред нив.
Јас ќе бидам храбра мама и ќе се борам да нашето мало ангелче израсне во човек каков што беше ти – добар, храбар и јак човек.
Кога ќе порасне и ќе ме праша „Мамо, каде е мојот татко, јас ќе му речам да погледне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети, а тоа ќе бидеш ти.
А јас ќе бидам таа што секогаш ќе те сакам и никогаш нема да те заборавам.
Вечна ти слава… Беше незаменлив човек“.