Skip to main content

Во Кочани нова неделна акција за почист и уреден град

Општина Кочани

Општина Кочани и КЈП „Водовод“ и овој викенд продолжија со активностите за расчистување и уредување на повеќе локации низ градот.

Овој пат се работеше во населбата Сиви Дом, каде се отстранети поголеми количества кабаст отпад – кофи, душеци, пружини и други предмети несоодветно оставени на јавна површина.

Екипите од вработени во Општината и Комуналното претпријатие работеа и на повеќе други локации – кај Комплексот АСНОМ, Градскиот пазар и во близина на СОУ „Гошо Викентиев“, каде што е реализирано  чистење и расчистување на јавните површини.

Општина Кочани апелира до граѓаните отпадот да го одлагаат совесно и на места предвидени за таа намена.

Да ги чуваме јавните површини чисти и уредни – за Кочани какво што сите сакаме да го гледаме“, се наведува во апелот. 

Поврзани вести