Skip to main content

Д-р Чадиковски: Центарот за доенчиња и деца без родители во Битола е дом на најсилните срца што сум ги сретнал во животот

Принтскрин од видео

„Во Битола постои едно место каде љубовта не е збор, туку секојдневие – Центарот за доенчиња и деца без родители е дом на најсилните срца што сум ги сретнал во животот…“, вели доктор Владимир Чадиковски и открива дека некои од нив ги оперирал со тешки срцеви мани, но дека тие сега се здрави деца.

Детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски, кој години наназад е вистински херој за многу родители, оперирајќи срца на преку 1.500 бебиња и мали деца и грижејќи се за секое од нив, преку објава на Инстаграм трогнува уште повеќе.

Тој сними видео, во рамките на неговиот подкаст, за Центарот за напуштени доенчиња и деца во Битола, го пофали тимот кој работи таму, дека се вистински херои од реалноста, но и откри дека врши операции на срца на сите дечиња од овој дом кои имаат потреба.