
Невербалниот говор – односно гестовите, изразите на лицето, држењето и интонацијата – откриваат многу за нашата внатрешна состојба. Но зборовите имаат директно значење, особено за луѓето кои имаат емоционални проблеми.
„Несреќните луѓе делат неколку заеднички особини кои лесно се препознаваат. Тие вклучуваат ниска самопочит, негативни мисли, високо ниво на стрес и анксиозност и склоност кон токсични врски. Препознавањето на овие особини е клучно за барање поддршка и спроведување постепени промени“, објаснуваат психолозите.
Прва реченица: „Не можам да направам ништо“
За таквите луѓе, едно негативно искуство автоматски се прелева во сите области од животот. Еден неуспех станува доказ дека сè тргнува наопаку. Па така, ваквото искривено размислување ја блокира способноста да се препознаат вистинските успеси.
Втора реченица: „Секогаш е исто“
Таквите зборови одразуваат перцепција на животот како монотон и бесмислен. Тоа е поврзано со загубата на интересот за секојдневниот живот.
„Човекот веќе не е во состојба да ги забележи промените, напредокот или позитивните моменти. Сè му изгледа исто, без разлика што се случува навистина“, нагласуваат експертите.
Трета реченица: „Зошто да се обидувам кога и онака ќе биде лошо?“
За луѓето кои ја кажуваат оваа реченица, секој обид се чини залуден, дури и пред да започнат. Како резултат на тоа, тие се откажуваат и пред да започнат, засилувајќи си го уверувањето дека промената е невозможна.
Првиот чекор кон емоционалната среќа
За да ги надминете таквите бариери, потребно е да го промените начинот на кој зборувате. Нашиот внатрешен и надворешен говор го обликуваат начинот на кој ја доживуваме реалноста. Па така, разбирањето на овие фрази, било кај вас или кај другите, отвора пат кон промени.
„Ако овие начини на размислување и зборување влијаат врз секојдневниот живот, консултирајте се со психолог. Постепените промени, со помош на стручна поддршка, можат да го трансформираат начинот на кој личноста се доживува себеси и светот“, порачуваат психолозите.

Македонски


