Маж (30) е осуден затоа што и го запалил автомобилот на девојката откако таа одбила да му одговори на мобилниот телефон. Околу 3 часот и 30 минути во Бјеловар ја запалил ПВЦ облогата на задниот десен дел од автомобилот „рено каптур“, причинувајќи штета од околу 4.000 евра. Половина час подоцна девојката му се јавила и тој и се заканил на неа и на двајцата мажи кои биле со неа да „летаат во воздух“.
На суд 30-годишникот признал се. Тој рече дека е во емотивна врска со девојката. Бидејќи цел ден не му одговорила, тој се напил и решил да и го запали автомобилот. Возилото било во сопственост на фирмата, но тој тврди дека тоа не го знаел, пренесува Даница.хр.