Skip to main content

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

Посетителите на Венеција од денеска мора да платат влезница до 10 евра за еднодневна посета на градот, што е двојно повеќе од сумата што се бараше минатата година кога беше воведен овој систем, јави ДПА.

Надоместокот важи за сите денови до првиот викенд во мај, а потоа за сите викенди од петок до недела до крајот на јули. Севкупно, годинава таксата ќе се бара за 54 дена, што е речиси двојно повеќе од лани.

Посетителите мора да добијат QR-код онлајн пред пристигнувањето и да го преземат на нивниот мобилен телефон. Во 2024 година, Венеција стана првиот град во светот кој наплатува влезници за краткорочните посетители, слично како музеите.

Оние кои немаат билет ризикуваат да бидат казнети до 300 евра. Системот останува главно непроменет од минатата година, но сега се бара почесто плаќање и во поголем износ.