
Сите туристи кои се упатуваат кон Халкидики оваа сезона ќе мора да бидат посебно внимателни, затоа што на една од најпрометните делници, од Солун до Неа Мудања има значителни промени во сообраќајните прописи.
Како што објавува туристичка агенција „Грчка инфо“, ограничувањето на брзината на автопатот е намалена, а полициските патроли со модерни радари постојано се на патиштата.
На автопатот од Солун до Неа Мудање и обратно, ограничувањето повеќе не е 110 км/час, туку само 90 км/час. Поставени се нови знаци на секои неколку километри, се вели во предупредувањето за туристите.
Според „Грчка инфо“, покрај намалувањето на брзината, возачите ги чека уште една „стапица“.
Исто така, на угорницата неколку километри пред свртувањето за Неа Каликратија, од правец на Солун, полициско возило дежура речиси цел ден, мерејќи брзина со нов мордерен радар, се додава.
Оваа промена е усогласена со правилата што веќе се во сила на остатокот од полуостровот, па сега ограничувањето е исто како и на поголемиот дел од автопатот низ Ситонија – 90 км/час.
На возачите им се препорачува да бидат дополнително внимателни и строго да ги почитуваат сообраќајните знаци, бидејќи грчката полиција оваа сезона повеќе се фокусира на контролите на брзината, а новите радарски системи се сметаат за многу прецизни.
Казните забрзо возење во Грција во 2026 година се доста повисоки високи, а честа мерка е и одземање на возачката дозвола. Основните казни за брзини до 20 км/час над дозволената се околу 40-100 евра, додека за надминување од над 50 км/час казната е 700 евра со 60 дена од одземање на дозволата.

Македонски



