
Малкумина знаат дека во многу земји од Персискиот Залив се одржуваат специјални натпревари за убавина меѓу камили, на коишто се случуваат и разни скандалозни работи.
На вакви натпревари, камилите се оценуваат според четири критериуми: крзно, врат, глава и грпка. A, во Оман избувна скандал на натпревар за убавина на камили. Дваесет камили одеднаш беа дисквалификувани бидејќи судиите открија дека на животните им е инјектиран ботокс.

Организаторите откриле дека на некои од животните им биле дадени инјекции со хијалуронска киселина за да им се наполнат усните. Им биле додадени и филери и силикон во носот. Инјектиран им бил ботокс во лицето, силиконски восок во грпките и хормони во мускулите.
Но, ова не е прв ваков случај во регионот.
Во 2018 година, десетина камили со сомнително исполнети усни беа дисквалификувани на кралски фестивал во Саудиска Арабија. А во 2021 година, дури четириесет животни беа исклучени, повторно во Саудиска Арабија.

Генерално, треба да се каже дека во земјите од Персискиот Залив, камилата е повеќе од обично животно, таа е вистински капитал. Елитните камили имаат свое семејно дрво и се подложуваат на посебна обука.
Најпознатиот фестивал во Саудиска Арабија се нарекува „Мис камила“ по аналогија со „Мис Универзум“.
Наградните фондови на натпреварите достигнуваат десетици милиони долари, а потомците на победниците потоа се продаваат по неверојатно високи цени.

Македонски


