Skip to main content

„Пантоне“ ја одбра бојата на годината за 2025

Секој декември се запознаваме со бојата за претстојната дизајнерска година, која веќе четврт век ја избира Институтот за бои „Пантоне“, дел од познатата американска компанија Pantone LLC.

Овој пат, нивниот „хит“ за 2025 година би требало да биде PANTONE 17-1230 Mocha Mousse, топла, смеѓа нијанса која потсетува на чоколаден мус и лате кафе, а има за цел да внесе чувство на удобност, интимност и елеганција.

Оваа боја може да се карактеризира како разновидна нијанса која може да се комбинира во различни палети. Почнувајќи од монохроматски земјени тонови до комбинации со нежни пастелни бои, а дури би можела да се поврзете во малку поегзотични комбинации со живи бои, кои ќе го избалансираат суптилниот тон на Mocha Mousse.

Низ еволуцијата на изборот на бои во последниве години, и преку минатогодишнатта Peach Fuzz, Pantone сакаше оваа година да донесе помека нијанса поблиску до земјено кафениот тон, кој потсетуваа на слатките задоволства и пружа „суптилен луксуз“ и удобност.

Исто така, идејата е да се поттикне подлабока поврзаност со нашата природна средина преку оваа боја, која е тесно поврзана со природната средина.

Mocha Mousse е нијанса која лесно ја задоволува желбата за удобност и топлина. Нејзината рафинирана и стабилна нијанса го олеснува балансирањето на различните палети на бои, делувајќи како дизајнерски камелеон кој лесно се прилагодува и на ладните и топлите нијанси, како и на темните, светлите или живописните бои.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortistanbul escort