
Fashion Weekend Skopje го слави своето 30. издание – не само како моден настан, туку како сцена на културата.
Ако првиот ден започна со изложба што го слави заедништвото преку уметност, а вториот ден ја отвори модата кон маратон со дискусии за иднината, по што следуваа и храбрите студентски ревии, третиот ден беше глас на новата генерација: искрен, храбар и визионерски.

Студентска ревија: Рефлексии на новата генерација
Под темата „Рефлексии“, студентите од насоката за моден дизајн на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународен Балкански Универзитет – Скопје ја претставија својата визија за модата како културна, етичка и емоционална територија.
Колекциите истражуваа теми како што се одржливоста, уличната мода како социјален феномен, и естетските категории на убавото, грдото и возвишеното. Секој модел беше личен став, а не само облека.
Студенти учесници:
Ајшин Серјани, Ангела Крстевска, Ангела Поповска, Берна Ахмед, Ебру Калинка, Елдина Далоши, Есра Фазлији, Енеса Бекир, Хава Јахја, Христина Ѓорѓиева, Кјефајет Исмаили, Лазиме Лусјани, Луна Аврамовска, Оја Осман, Ринеса Ахмети, Сара Саид, Суреја Јакупи, Маригона Рахмани.
Оваа ревија не понуди само парчиња облека – туку идеи, ставови и инспирација. Модата овде беше средство за личен и колективен израз.
Јагода Пачемска на FWSK: Цветна мода што остава без здив
На последниот ден од FWSK, Јагода Пачемска го претстави својот уникатен свет на креации од свежо цвеќе. Преку својот бренд FA-BU, таа покажа дека модата може да биде жива, минлива и моќна порака, а не само тренд. Пачемска не следи сезони – таа следи животот, создавајќи искуства што траат засекогаш во сеќавањето.
Совршена елеганција: Atelier Al Aparel by Natasa Karceva
Под мотото „Eternal Beauty“, Наташа Карчева претстави колекција што ги слави минливите моменти што траат цел живот. Со комбинација на сатен, тантела и богати свилени ткаенини, секое парче раскажуваше приказна за љубовта, традицијата и модерната елеганција.
Од раскошни балски фустани до современи мермаид силуети, “Eternal Beauty” ја слави жената што бара софистицираност со душа.
Автентична иднина: Олгица Ѓоргиева
Со колекцијата „The Future – is NOW“, Olgica Gjorgieva ја претстави модата како мост меѓу традицијата и иновацијата. Инспирирана од естетиката на оригами уметноста, оваа колекција донесе скулптурални форми, чисти линии и минималистичка експресија. Со нежни пастелни тонови и рафинирани детали, “The Future – is NOW” е модна визија каде што елеганцијата се среќава со авангарда.
Модата како идентитет и движење
FWSK30 powered by UNIBank го заврши своето јубилејно издание онака како што и започна – со гласови што не се плашат да бидат свои.
Најголемиот тренд? Храброста.
Најголемата порака? Автентичноста е иднината.

Во време на трендови што траат неколку минути, македонската модна сцена гради приказни што траат со години.
Со посебна благодарност до нашите партнери:
Perwoll – повеќе од 60 години грижа за ткаенините: „Исто како ново! За три пати подолг век на вашата облека – Первол Renew.”
Мартимекс – ексклузивните парфеми што ја дефинираат сезоната.
MARTINI Fiero – италијанска икона која носи освежување и забава во италијански стил на FWSK. Горд аперитиво партнер.
Официјален партнер за шминка: Pierre Cardin во соработка со СУГС „Димитар Влахов“. „Почувствувај го гламурот – бренд на луксузни производи за совршена шминка.”
Официјален партнер за фризура: Got2B во соработка со СУГС „Димитар Влахов”.
Мебел што носи мода дома – Венеција Прилеп.
Проектни партнери: Green Land Group, Бимилк, Моно Бар, Zio Cold Brew, Обуча Метро, KP Chairs, Аманти паста и вода Маја.
Diamond Residence Carat West Office, годинешната локација на настанот,
се претвори во креативна лабораторија
FWSK30 завршува.

Но приказната за заедницата што ја носи модата – штотуку започна.
Фото: Ѓорѓи Ристоски