
И помалку од 5.000 чекори дневно се доволни за одржување на здравјето и добрата форма на телото, иако преовладува мислењето дека се препорачуваат 10.000 чекори на ден.
Научен труд на американски и полски научници, во којшто биле вклучени повеќе од 226.000 луѓе ширум светот, покажал дека одењето 4.000 чекори дневно се доволни за да се почне со намалување на опасноста од прерана смрт од која било причина, објави Би-би-си.
Малку повеќе од 2.300 чекори дневно се доволни за здраво срце и крвни садови, велат истражувачите, наведувајќи дека колку луѓето се поактивни, толку повеќе придонесуваат за нивното здравје.

Македонски


