Skip to main content

Малите трчаа големо: 950 деца и над 4.000 посетители на третото издание на МИНИ Трчај бе

Над 950 деца на возраст од 4-12 години од целата земја се натпреваруваа на третото издание на МИНИ Трчај бе, детската верзија на веќе етаблираната трка Трчај бе, која и оваа година потврди дека е вистински празник на радоста, спортот и заедништвото. Повеќе од 4.000 посетители ги бодреа најмалите тркачи – и сите заедно покажаа дека иднината навистина има нозе, насмевка и полет.

Во 28 категории, поделени според возрасни групи и пол, малите атлети трчаа со неверојатен ентузијазам. 84 најбрзи добија посебни признанија, но – како што велат организаторите – сите беа победници.

МИНИ Трчај бе не е само спортски настан. Тоа е платформа за охрабрување на здрави навики, инклузија и солидарност. Преку кампањата која траеше 1 месец пред трката под слоганот „Малите трчаат големо“, организаторите донираа стартни пакети за сите деца од ранливи категории, како и опрема за училиштата по атлетика во вредност од 100.000 денари, во соработка со Атлетската федерација на Македонија.

„Нашата мисија е децата да се чувствуваат важни, видени и поддржани. Секоја насмевка на патеката е потсетник дека вложуваме во здраво и праведно општество,“ изјавија од организацискиот тим.

Поврзани вести