
Верица Бабарчиќ Лазова на социјалните мрежи очајно моли за било каква помош за пронаоѓање на нејзината 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на Вардар кај селото Уланци – општина Градско.
„Очајно си ја барам ќерката Теодора Бабариќ, 16 години, која пред 3 дена се удави во водите на Вардар, Општина Градско-Уланци. Институциите сите се известени, потрагата се уште трае. Даваат се од себе да ја најдат, сега за сега се води како исчезната. Доколку некој од овчарите, земјоделците, рибарите ја видат во водите на реката Вардар, делот од Градско до Гевгелија, како што тече водата во тој дел, молам за информација, секоја информација е добредојдена. Пријавете во МВР, за побрзо да се најде моето дете, мојата душа. Облечена е во розеви дводелни купаќи, црна коса, кафени очи… Ве молам споделувајте за што побрзо да се најде“ – објави вчера мајката на Теодора.
Синоќа од МВР објавија дека во СВР Велес било пријавено дека две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на Вардар во близина на селото Уланци, општина Градско.
„По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага, информираат вечерва од СВР Велес. Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето“ – информираа од МВР.