Skip to main content

Куманово го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври

Фото: МИА

Во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, денеска во занаетчискиот дом се одржа манифестација во чест, Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот присуствуваа средношколци. Публиката имаше можност да проследи проекција на документарен филм „Историја на ВМРО“ и да ја разгледа изложбената поставка на фотографии, позајмени од ризницата на НУ Музеј – Куманово.

– За поздравување е организирање на ваков настан, посветен на 23 октомври 1893 кога македонскиот народ и народности граѓани на тогашна историско географска етнографска карта на Македонијам, сите жители ја формираа македонската револуционерна организација. Тие го формираат ткивото, крвотокот почна да тече за сите граѓани не само Македонци туку и меѓу Албанци и Турци и Роми, Власи, Срби. Македонско- револуционерната организација имаше единствена цел за национално и социјално ослободување, пред сè за автономија на Македонија. Тој подвиг, тој стремеж, тој мотив, секојпат беше поддржуван од нашите дејци, кои секојпат ќе живеат преку историјата, преку нивното дело. Затоа денеска е организиран овој настан каде што учествуваат и нашите ученици,граѓани и ние историчарите на нашите студенти секој пат вдахнуваме националната историја, го пренесуваме подвигот, стремежот за Македонија во овој случај за зачувување на Македонија, бидејќи борбата продолжува во континуитет. Тоа што не го ставиле Даме Груев, Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Јане Сандански како аманет, а потоа илинденците, Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров и други наши дејци од тоа ќе го продолжиме секојпат и Македонија заедно со сите граѓани да живее слободно, изјави професорката по историја, Соња Цветковска од кумановската гимназија „Гоце Делчев“.

Денот на македонската револуционерна борба се одбележува во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава, држава на слобода, правда, еднаквост, независност. 

Поврзани вести