Skip to main content

Сочна и превкусна чоколадна торта од 3 состојки: Се приготвува за миг, а никој не може да ѝ одолее!

Freepik

Оваа сочна чоколадна торта од 3 состојки се приготвува неверојатно лесно, а вкусот е извонреден.

Состојки:
4 јајца
200 г чоколадо (млечно или темно, по вкус)
200 г крем-сирење (маскарпоне или крем-сирење за колачи)
Приготвување:
Стопете чоколадо на пареа или во микробранова печка (во интервали од 30 секунди, со мешање). Оставете го да се олади малку.

Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег.

Во стопеното чоколадо додајте жолчки и крем-сирење, па сето тоа добро соединете го. На крајот, внимателно додајте ги изматените белки, мешајќи со лажица или шпатула за да остане смесата воздушеста.

Смесата сипете ја во калап покриен со хартија за печење. Печете ја во претходно загреана рерна на 170 степени, 30-35 минути.

Оладете ја тортата пред сечење, а по желба, посипете ја со шеќер во прав или премачкајте ја со стопено чоколадо.